МОСКВА (АА) – Воени транспортен авион АН-12 се сруши денес додека се подготвувал за слетување на аеродром во близина на сибирскиот град Иркутск во Русија, објави Министерството за вонредни ситуации на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иако Министерството првично објави дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати, локални извори наведуваат дека во несреќата загинале сите лица кои биле во авионот.
„Авионот исчезна од радарот непосредно пред обидот за слетување и беше зафатен од пламен“, соопштија од службите за вонредни ситуации.
Авионот наводно припаѓа на флотата на белоруската авиокомпанија и спроведувал товарен лет.
Anadolu Agency









