ИСТАНБУЛ (АА) – „Туркиш ерлајнс“ (THY) во периодот од 25 до 31 октомври оствари 1.175 лета на ден, со што стана втората авиокомпанија со најмногу летови во Европа, известува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците за воздушниот сообраќај што ги објави Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (EUROCONTROL), во периодот од 25 до 31 октомври се спроведени 160.736 лета неделно, или 22.962 лета дневно.

Со укинувањето на ограничувањата на летовите кои беа воведени во рамките на мерките против ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19), ирскиот „Рајанер“ со 2.309 дневни летови е регистриран како авиокомпанија со најголем број летови во Европа.

„Туркиш ерлајнс“ се најде на второто место со 1.175 лета на ден, додека „Изиџет“ е трет со 1.064 лета.

„Пегасус ерлајнс“ се најде на десеттото место на листата со 450 лета на ден.

Може да се забележи дека бројот на дневни летови во период од една недела се приближил до 81 % од нивото во 2019 година.

Anadolu Agency