Европската унија нема да го означи либанскиот Хезболах како терористичка организација, објави израелскиот весник „Jerusalem post“.

Портпаролот на ЕУ за надворешна политика, Петер Стано, рече: „Военото крило на Хезболах веќе е на списокот на терористите на ЕУ“.

„Секоја промена во природата и опсегот на постојната листа е за земјите-членки на ЕУ да разговараат и да одлучат“, рече Стано.

Во 2012 година, по наводниот напад на Хезболах врз автобус во Бугарија во кој загинаа петмина Израелци и нивниот муслимански возач, ЕУ го забрани военото крило на Хезболах.

Израел протестира против потегот велејќи дека групата треба да биде целосно забранета.


„MEMO“
„Dubai-Portal“