Претседателот на Израел, Исак Херцог, се извини за ужасниот масакр кој израелските сили го извршија во 1956 година во местото Кефр Касим, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Се извинувам лично и во име на Израел“, изјави Херцог на комеморацијата која е одржана во Кефр Касим.

Во масакрот израелските сили убија најмалку 49 Палестинци, вклучувајќи и 23 деца, а Херцог денеска изјави дека тоа е еден од најтажните моменти во израелската историја.

„Невините цивили не треба да се вовлекуваат во какви било политички борби. Во знак на сеќавање на 49-те жртви од масакрот во Кефр Касим, ја наведнувам главата и се извинувам лично во име на Израел на семејствата на жртвите и на сите граѓани на овој град“, порача Херцог.

И поранешниот израелски претседател Шимон Перез во 2007 година се извини за израелскиот масакр врз Палестинците во Кефр Касим.

Станува збор за злосторство кое се случи откако израелските сили воведоа вонреден полициски час во кој граѓаните ги известија само половина час пред неговото стапување во сила.

Командантот на израелските сили им наредил на своите подредени да го убијат секој што ќе ја прекрши забраната за движење и додаде дека е подобро да има повеќе мртви и дека не сака да види емотивност кај своите војници.​​​​​​​

На денешен ден во 1956 година, израелските сили убија 49 жители на Кефр Касим, од кои 23 деца, а повеќето од убиените се враќале дома од пат и не ни знаеле за новововедената забрана за движење.

Anadolu Agency