Израелските сили во последните три месеци во акциите на окупираниот Западен Брег и во Источен ал-Кудс привеле 1.282 Палестинци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Извештајот, што заедно го подготвија Комитетот на палестинските затвореници при Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и Здружението на палестински затвореници, Агенцијата за заштита на затворениците „Замир“ и Информативниот центар „Вади Хилве“, вклучува податоци за операциите на израелските сили на Западниот Брег и во Источен Ал-Кудс во последните три месеци.
Во извештајот е наведено дека 525 од 1.282 лица што израелските сили ги привеле во последните три месеци се од Источен ал-Кудс.
Истакнувајќи дека 160 затвореници се помлади од 18 години, во извештајот се наведува дека помеѓу приведените биле и 37 жени.
Според извештајот, бројот на палестински затвореници во израелските затвори се зголемил на околу 4.600, а од нив 500 се во „административен притвор“.
Според она што го нарекува „административен притвор“, Израел може врз основа на известувачките податоци да ги држи Палестинците во притвор од еден до шест месеци.
Доколку се потврди дека затвореникот е „опасен за сигурноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи притворот до пет години, дури и да не поднесе кривична пријава.
Anadolu Agency










