Почитувани стружани!

Дојде време да се oбединиме! Време е да го повикаме секој граѓанин на Струга,
со или без партиска припадност, од Алијанса и Алтернатива, од Беса и ДПА,
од ВМРО и СДСМ Од Либералите, Левица и ДПТ од сите етнички, верски и јазични припадности, од сите идеолошки припадности и од која било група.

Ова не е лична битка на Идри Истрефи, туку е голема битка на стружани против една власт која тоне во корупција.

Струга им припаѓа на стружани и на секој граѓанин од секоја страна на земјата што неа ја посетува. Струга нема сопственик.

Ова е нашата голема коалиција, коалицијата за СТРУГА. Гласајте број 6 и радувајте и се на победата!