Во Србија синоќа во 22 часот, во согласност со одлуката на Кризниот штаб, стапи на сила обврската за поседуање важечки ковид-пропусници за престој во сите угостителски објекти во затворен простор.

Antivakseri i četvrti dan protestuju, zatvoren centar grada

Нешто порано на улиците на Белград се одржа протест против мерките. Траеше 3 часа и заврши мирно.

 

 

Парични казни од понеделник

Поседување на ковид-пропусници задолжително е за влез во ресторани, кафулиња, барови и слични ојекти по 22 часот. Од синоќа почна и контрола за ковид-пропусници, а парично казнување почнува во понеделник, пишува Б92.

Ковид-сертификатите подразбираат едно лице да биде вакцинирано, да има негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, антигенски не постар од 48 часа или да проеболело Ковид-19.