Германија ќе им помага на домаќинствата за плаќање на сметките за струја

0
134
Германија денеска најави дека речиси ќе го преполови надоместокот за обновливи извори на енергија за да им помогне на домаќинствата да ги платат високите сметки за електрична енергија, објавија операторите на преносните системи.
Надоместокот се наплатува според Законот за обновливи извори на енергија (ЕЕГ), изнесува една петтина од сметките за електрична енергија, а приходите се насочуваат кон производителите на соларна и ветерна енергија.
Од почетокот на следната година, тој ќе се намали за 42,7 проценти, на 3.723 евра за киловат-час. Владата го намали минатата година, за 3,9 проценти, за да и помогне на економијата да ја надмине корона-кризата

Владата ќе им надомести на производителите на обновлива енергија за намалениот приход со уплата од 3,25 милијарди евра.

Помош за граѓаните во плаќањето повисоки сметки за струја и гас најавија и Франција, Италија, Шпанија, Грција и Полска.


„Nezavisen“