Душан Влаховиќ (Dušan Vlahović), еден од најдобрите српски напаѓачи, претрпе расистички навреди по натпреварот со Аталанта, но немаше реакција од јавноста и медиумите.

Претходните две години во светот поминаа во бројни протести на спортисти против расизмот, па фудбалерите на англиските клубови се уште клекнуваат пред почетокот на натпреварите,пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

Во Америка, минатата година, движењето „Black lives matter“ имаше голема поддршка од спортистите, пред се кошаркарите, а бевме сведоци дека играчите не сакаа да играат, бидејќи беа незадоволни од третманот на американската влада кон Афроамериканците.

Како што Доналд Трамп ја напушти власта, така и молчеше движењето „Black lives matter“, а во светските медиуми има се помалку приказни за проблеми кои, не само што не исчезнале, туку и се присутни.

Така Душан Влаховиќ е еден од последните српски фудбалери, кои претрпеа навреди од трибините во Италија.

Од трибините во Бергамо се извикуваше: „Влаховиќ цигане“. Српскиот напаѓач на тоа одговори само со насмевка, додека новинарот остана збунет.

Влаховиќ не е првиот од овој регион кој беше навредуван од италијанските навивачи на ист начин.

Најновиот пример е од Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Беше навреден од сопствените навивачи, поддржувачи на Лацио, пред три години, бидејќи беа незадоволни од изданијата на српскиот фудбалер.

На натпреварите против Сампдорија развиле транспарент на кој пишувало: „Милинковиќ – циган“.

На истите навреди е навикнат и Синиша Михајловиќ, кого навивачите на Јувентус постојано ги нарекуваа разни погрдни имиња.

„Расизмот не е само црн или бел. А кога велите „цигански измет“ или „српски измет“, тоа е расистичка навреда. И тоа е на сметка на целата нација. И што правиме со тоа? Ги поканувам сите што ме навредуваа од трибините да дојдат и да ми го кажат тоа во моето лице“, рече Михајловиќ пред четири години.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=yELY78cWpyI[/embedyt]


„Sputnik“
„Dubai-Portal“