АНКАРА – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Еродган, ја честиташе годишнината на Денот на независноста на Република Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Ердоган, на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ја честитам годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, со која имаме историски братски односи. Посакувам мир и просперитет за луѓето во  Македонија.“