Демонстранти упаднаа во седиштето на Британската регулаторна агенција за лекови и здравје во лондонскиот КанариВарф и се судрија со полицијата во услови на демонстрации против плановите за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19 за деца.

 

Лондонската метрополитенска полиција потврди дека група демонстранти се обиделе да провалат во зградата која служи како седиште на регулаторот за вакцини, но биле спречени во тоа од обезбедувањето и полицајците. Полицијата, наводно, успеала брзо да одговори на обидот во деловната зграда на МХРА, бидејќи веќе биле во таа област за да го запрат протестот на членовите на „Бунтот за истребување“ порано во текот на денот, наведуваат британските медиуми. Сѐ уште не е познато дали има повредени  во судирите со полицијата. Протестот дојде пред очекуваната одлука на Британскиот заеднички комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) за проширување на вакцинацијата против Ковид на деца на возраст од 12 до 15 години. Иако одлуката за JCVI беше советодавна, британската влада ги следеше упатствата за воведување на вакцината против Ковид. Владата на Обединетото Кралство соопшти дека е подготвена да започне со вакцинација на возрасната група што е можно поскоро, во согласност со другите европски нации, а децата на училишна возраст да се вратат во училниците во наредните недели. Демонстрациите во канцеларијата на Канари Варф во МХРА доаѓаат по слични протести, кои се одржаа на друго место во Лондон.

 

На 23 август, противниците на вакцинацијата против „Ковид-19“ се собраа пред канцеларијата на технолошкиот гигант „Гугл“ за да ја обвинат компанијата дека се обидува да ги сузбие и цензурира сите оние што ги критикуваат вакцините за Ковид и ограничувањата воведени за време на пандемијата. Слично на тоа, активистите упаднаа во канцелариите на продукцијата ИТН, која стои зад информативните канали ИТВ, Канал 4 и Канал 5, за да се спротивстават на медиумското покривање на пандемијата „Ковид“, бидејќи, според демонстрантите, тие не ја сметаат владата за одговорна. MHRA, независно регулаторно тело за лекови, е одговорно за одобрување развој на вакцини, клинички испитувања на потенцијални нови лекови и управување со залихи на вакцини и други медицински производи. За време на пандемијата, таа тесно соработуваше со владата на Обединетото Кралство и давателите на здравствени услуги, вклучително и Националната здравствена служба, за да го координира одговорот на кризата со вирусот Ковид. Очигледно, трпението на луѓето е при крај. Протестите се шират низ целиот свет, но медиумите ги стигматизираат и ги кријат.