Стотици Ирачани протестираа вчера (петок), во Багдад, во врска со влошувањето на прекините на електрична енергија и вода, бидејќи температурите надминаа 50 степени Целзиусови во некои делови на Ирак, објави „Reuters“, пренесува „Dubai-Portal“.

За време на џума намаз, областа Садр Сити, џематлиите се испотиле и клањале под чадори, а потоа одржале и протест во кој ја критикувале владата дека не им дава доволно електрична енергија на своите граѓани.

“Само се влошува. Можеме да ја исклучиме струјата, дури и 10 часа на ден, барем дајте ни малку”, рече Хајдер Хусеин, 32-годишен работник.

Електричната енергија е целосно прекината во повеќето провинции во земјата, пред да се раздени, велат жителите.

Небото над Багдад, каде жителите уживаат во подобро снабдување од посиромашните јужни делови на Ирак, се облак од смог по изгрејсонцето, бидејќи домовите ги полнат своите дизел генератори многу подолго од вообичаеното.

Енергијата од главната ирачка мрежа страда од неколкучасовно намалување секој ден во текот на целата година, но недостатоците се влошуваат за време на жешките летни месеци, кога температурите редовно достигнуваат 50 степени, а домаќинствата се потпираат на климатизацијата.

Ирачаните ја обвинуваат влада што се потпира на увоз на енергија од Иран и вели дека не успеала да развие сопствена мрежа на Ирак, за да им служи на своето население. Ирачкиот министер за електрична енергија, поднесе оставка оваа недела под притисок, поради електричната криза, објавија локалните медиуми.

Хајдер ал-Саиди, 52-годишен племенски водач кој протестираше во градот Садр, ја обвини политичката класа што владее со Ирак, од соборувањето на Садам Хусеин, во 2003 година.

„Од тој режим до овој, сè уште немаме доволно електрична енергија. Што донесе демократијата? Само оди од лошо кон полошо“, рече тој.

Намалувањето на снабдувањето со електрична енергија од Иран, овој месец и низата напади на милитантите врз далноводите дополнително, ја влошија кризата со електрична енергија.


„MEMO“
„Dubai-Portal“