Долгогодишниот турски пратеник, Мустафа Јенероглу, вчера апелираше до Египет да ги повлече смртните казни изречени на членовите на Муслиманското братство, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

„Спроведувањето на овие смртни казни ќе му зададе голем удар на оштетениот углед на Египет на меѓународната сцена“, изјави пред новинарите Мустафа Јенероглу, од Партијата за демократија и напредок (DEVA).

„Ќе нанесе уште еден огромен удар на социјалниот мир. Тоа ќе предизвика неповратни и непоправливи рани во јавната совест. Оваа погрешна одлука мора да се врати што е можно побрзо“.

Јенероглу додаде дека водачите и членовите на Муслиманското братство, биле осудени во шоу-судења.

Турција и Египет треба да отворат ново поглавје во билатералните односи, рече тој.

Турција треба да работи против смртните казни заедно со Советот на Европа, Европската унија и ООН, рече тој.

На 14 јуни, највисокиот цивилен суд во Египет, ги потврди смртните казни на 12 членови на Муслиманското братство, вклучувајќи ги високите лидери Мухаммед ал-Белтаги, Сафват Хегази, Абдел-Рахман ел-Бар, Осама Јасин (поранешен египетски министер) и Ахмед Ареф.

Во август 2013 година, армијата и полицијата ги растераа демонстрантите во Каиро, од страна на приврзаниците на претседателот Мухамед Морси, кој беше сменет во јули и во 2019 година кој почина во судница.

Според официјалниот египетски национален совет за човекови права, 632 лица се убиени, вклучувајќи осум полицајци, кога безбедносните сили насилно ги растераа демонстрантите на Морси, на плоштадите „Раба ал-Адавија“ и „Гиза ал-Нахда“.

Меѓународните групи за човекови права, сепак, велат дека бројот на смртни случаи бил многу поголем.


„MEMO“
„Dubai-Portal“