Министерството за одбрана на САД, има намера да ги модернизира просториите на лабораторијата за хиперсонична аеродинамика во воздухопловната база „Рајт Петерсон“ во Охајо, се вели во соопштението на Инженерскиот корпус на копнените сили, пишува „Sputnik“ , пренесува „Dubai-Portal“.

Пентагон планира да ангажира изведувачи кои, меѓу другото, ќе подготват лабораторија за тестирање од областа на хиперсоничните технологии.

„Реновирањето ќе вклучува уривање и модернизирање на лабораторијата со цел да се донесе стандардот за чисти простории 7-8 ISO (Меѓународна организација за стандардизација), за тестирање материјали за хиперсонични летови“, се наведува во извештајот.

За овој проект ќе бидат издвоени околу 5 милиони долари.

Покрај промените во структурата на зградата, Пентагон планира да воведе греење и вентилација со филтри за честички.

Како што е нагласено во документот, постојниот систем е нестабилен и не е во согласност со современите стандарди за простории од овој тип.

Претходно, Пентагон објави дека САД имаат намера што побрзо да „доведат до совршенство и да презентираат решенија“ засновани на хиперсонични технологии.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“