Иранското Министерство за надворешни работи, денеска оцени дека постепено укинување на „чекор по чекор“ санкциите против таа земја е целосно неприфатливо, објави иранската телевизија.
„Конечната позиција на Иран (Iran) е укинување на сите санкции на САД(USA)“, цитира иранската телевизија портпаролот на Министерството за надворешни работи, Саид Катибзаде (Saeed Katibzadeh), на својата веб-страница, пренесува „Ројтерс“ („Reuters“).
Агенцијата наведува дека портпаролката на Стејт департментот Џалина Портер (Jalina Porter), вчера (петок) изјави дека фокусот на разговорите следната недела во Виена за обновување на иранскиот нуклеарен договор со светските сили од 2015 година, ќе биде ставен на чекорите, што Техеран (Teheran) треба да ги преземе за да ја усогласи својата политика со тој договор.
Договорот на Иран (Iran) со САД (USA), Русија (Russia), Кина (China), Франција (France), Велика Британија (United Kingdom) и Германија (Germany) од 2015 година предвидува ограничување на иранската нуклеарна програма на мировни цели во замена за укинување на санкцијата, јави „Танјуг“ („Tanjug“).
„Sputnik“
„Dubai-Portal“










