Нокиа склучи договор со „Самсунг“ за лиценцирање на патенти што ги покриваат нејзините иновации во видео-стандардите, соопшти во четвртокот финската телеком компанија, објави Ротерс.
Додека компаниите не ги откриваат финансиските услови на договорот, „Самсунг“ ќе изврши исплата на хонорари на „Нокиа“.
Патентното портфолио на Нокиа е составено од околу 20.000 патентни семејства, вклучително и над 3.500 декларирани како основни за 5Г.
Договорот се случи неколку месеци откако ривалот „Ериксон“ поднесе тужба во Соединетите држави против Самсунг во спор околу плаќањата за авторски права и лиценците за патенти
Комисијата за меѓународна трговија на САД минатиот месец соопшти дека ќе отвори истрага откако „Ериксон“ тврди дека „Самсунг“ прекршил некои свои патенти во инфраструктурните системи за безжични мобилни комуникации 4Г и следната генерација 5Г.
„Слободен Печат“







