Населба во областа Исник во Бурса долго време се жалела на проблем со водата за пиење. Екипи кои започнале да ја испитуваат цевката за вода за пиење биле шокирани од тоа што до забележале. Корен на дрво од 30 метри со тешкотии бил изваден од селскиот водовод.

Веќе подолго време има проблем со вода за пиење во областа Јируклер во Озник. Началникот на населбата Мехмет Бати, кој истражувал зошто водата не излегува со потребните количини, и покрај тоа што нема проблем во мрежата и водните ресурси, кои биле испитувани повеќе пати, тврдел дека цевката за вода за пиење е блокирана и ја пријавила ситуацијата до властите.

Додека екипите на компанијата БУСКИ ја испитувале водоводната цевка под земјата, забележале предмет внатре. Шокираната екипа одстранила  30-метарски корени на дрвја од цевката за вода за пиење. Се конастатирало дека дрвјата се хранат од водоводната цевка кој требало да ги задоволат нивните потреби за вода а корените кои се протегале во доклжина од  30 метри и ја блокирале водоводната цевка.

Извор:iha.com.tr