Проектот “Изградба на шеталиште за пешаци и велосипедисти на улица Партизанска” е проект во вредност од 800 илјади евра, финансиран од Светска банка и Општина Струга.

Ова шеталиште освен што ќе служи за слободно и безбедно движење на пешаците и велосипедистите, ќе нуди подобри услови за спорт и рекреација и исто така ќе го разубави и еден дел од главниот пат на Струга, правејќи го градот попривлечен како за локалното население така и за туристите.