Претседателот на Република Турција, воедно и претседателот на АК Партија Реџеп Таип Ердоган изјави дека оваа партија настанала како резултат на тежнеењето и барањата на турскиот народ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето на програмата на одбележувањето на 19 годишнина на АК Партија во Анкара, Ердоган порача дека датумот на основањето на оваа политичка партија го смени текот на случувањата не само во Турција туку и пошироко.
Нагласи дека АК Партијата од своето основање напорно работела за да има поддршка од турскиот народ, молитвите на сите муслимани во светот и поддршката на другите, а, како што рече, и денес го следи истиот правец.
Говорејќи за напредокот кој Турција го постигна во текот на владеењето на АК Партија, Ердоган порача дека веќе кон крајот на 2022 година првиот турски автомобил ќе е симне од подвижната лента.
„Нашата земја ќе стане една од водечките во светот што се однесува до производството на електричните возила”, рече Ердоган.
Кон крајот на минатата година во Долината на технологијата во Гебзе претставен е прототипот на првиот турски автомобил кој ќе биде од категоријата SUV возила на електричен погон.
Напомена дека по големите напори кои ги преземаа на полето на економијата денес секој град во Турција има организирана индустриска зона која придонесува за економскиот напредок на целата земја.
Повтори и дека Турција не планира да се задолжува кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како што тоа од неа некои посакуваат.
„Главната опозициска партија ни вели „задолжете се кај ММФ. Тоа е ваш начин на работа. Ние не работиме на тој начин”, порача Ердоган.
Тој се осврна и на последните случувања во источниот Медитеран, напоменувајќи дека неговата земја само ги штити своите права на тоа подрачје.
„Им рековме „не напаѓајте го нашиот брод Оруч Реис. Ако нападнете, ќе платите висока цена” и денес го добија првиот одговор”, додаде Ердоган.









