23
Австрија воведе највисоко шесто ниво на предупредување за патување во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово кое стапува во сила веднаш.
Како што објави „БиБиСи“, австриската влада препорачува сите Австријци кои се наоѓаат во овие земји веднаш да се вратат назад, а по доаѓањето ќе одат во 14-дневен карантин или ќе мораат да покажат негативен тест за ковид-19.
Во образложението на одлуката се наведува дека во четирите земји од Западен Балкан има зголемување на бројот на заболени од ковид-19 од почетокот на јуни, па така во Македонија за 14 дена има 2.067 случаи, а во Косово и Алабнија заедно над 1.000.
„Tera“
