Министерот за здравство на Нов Зеланд, Дејвид Кларк по низа пропусти за време на пандемијата со Ковид-19 вчера поднесе оставка од функцијата.
Оставката на Кларк ја прифати премиерката Џасинда Ардерн. Кларк во април двапати беше фатен како ги крши правилата за карантин воведени поради епидемијата. Тој тогаш понуди оставка, но Ардерн не ја прифати со образложение дека тоа ќе доведе до нарушување на работата на Владата.
Кларк изминатите недели беше критикувани поради лошо управување со карантинот и изолациските објекти на Нов Зеланд, и покрај тоа што земјата една од првите прогласи крај на пандемијата поради тоа што долго време немаше новодијагностицирани.
Ардерн најави дека министерот за образование, Крис Хипкин ќе ја извршува функцијата министер за здравство до септември, кога треба да се одржат парламентарни избори.









