Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека заштитата на политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија се приоритет на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Заштитата на политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија, воспоставување мир на терен и одржливо решение на конфликтите се наш приоритет,  изјави Ердоган на Самитот Турција-Русија-Иран кој преку видеолинк е организиран во рамките на процесот во Астана.

Тој додаде дека ќе стори сѐ што може за да обезбедат мир, сигурност и стабилност во соседна Сирија.

Трилатералниот состанок се одржува со присуство на претседателот на Иран, Хасан Рохани и претседателот на Русија, Владимир Путин.


Anadolu