Метрополата на арапските Емирати, Дубаи, во последните години забележува голем раст во речиси сите области. Експертите истакнуваат дека Дубаи во периодот од само десет години, го постигна сето она за кое што, на пример, на Њујорк му беа потребни 150 години.

Така, овој арапски град стана побезбеден за живот во споредба со Лондон и многу други метрополи на Запад.

“Huffington Post” ги истакнува подготовките со кои што Дуаби настојува на подобар начин да ги угости посетителите на големата светска изложба “Expo 2020” година, наведувајќи дека сето тоа би можело да биде и најразновидниот културен настан во историјата.

“Првпат кога слушнав за Дубаи ми беше кажано дека тоа е лажен материјалистички град изграден на ништо! Меѓутоа, кога првпат го посетив, видов колку тоа е далеку од вистината.

Тоа е најлуксузниот коктел од старото и модерното”, вели една британска новинарка чии што зборови ги цитира “Huffington Post”.

Многумина ќе кажат дека Дубаи се развива со “брзина на светлината”, па секој може да се согласи дека тој за десет години го постигна она за кое што на Њујорк му беа потребни век и половина.

Исто така, многу славни луѓе од Европа кои што го посетиле Дубаи потврдуваат дека таму се чувствуваат побезбедно, во споредба со европските метрополи.

Многумина од нив и додаваат дека пред да го посетат Дубаи, имале сосема спротивни и погрешни информации за оваа метропола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here