ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот автомобилски гигант „Форд“ ќе користи талог од кафе за производство на автоделови, соопшти компанијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Форд и ланецот за брза храна „МекДоналдс“ ќе започнат соработка за преработка на зрната од кафе“, се вели во соопштението објавено од производителот на автомобили.
Двете компании открија дека отпадот од кафето може да се претвори во многу издржлив материјал што може да се користи за изработка на автомобилски делови.
Овие компоненти одговараат на спецификациите за квалитет што се бараат за панелот за монтирање фарови и други внатрешни и надворешни делови на каросеријата.
Кога отпадот од кафето се загрева на високи температури во услови на ниско ниво на кислород и се меша со пластика и други додатоци, добиениот материјал може да се преобрази во различни форми.
„Покрај тоа, деловите произведени со овој метод се 20 отсто полесни и за нив се троши 25 отсто помалку енергија при процесот на обликување“, се додава од компанијата.
AA / Dubai-Portal









