Џамијата”Massalikul Jinaan” отворена беше со кланање на џума намаз, на која присуствуваа десетици илјади верници од целата земја, многумина не можеа да влезат во место за богослужба и се молеа, клањаа во дворот и соседните улици
Најголемата џамија во западна Африка официјално беше отворена во петокот во Дакар, главниот град на Сенегал.
Џамијата официјално беше инаугурирана од сегашниот претседател на Сенегал, Меки Сал и познатиот исламски научник Шеик Монтаха Мбаке.
На отворањето на џамијата присуствуваа многу официјални претставници на Сенегал, како и претставници на дипломатскиот кор. На церемонијата присуствуваа и лидерот на најголемата опозициска партија во Сенегал и поранешниот претседател Абдулај Вејд, кој со интервенција на шеикот Мбаке, се ракува со претседателот Сал за прв пат после седум години.
Претседателот Сал напиша на својот профил на Твитер дека ова е историски ден за Сенегал.
Изградбата на џамијата, на 6 хектари земја донирана од државата, траеше околу седум години и чинеше околу 30 милиони евра.
Џамијата, најголема во западна Африка, може да смести околу 30,000 верници, 10,000 во објетктот и 20,000 во двор.
Според официјалните бројки, муслиманите сочинуваат околу 95% од жителите на Сенегал, а христијаните околу 4%.

Извор:faktor










