Утре вечер ќе се одбележи светата ноќ Лејлетул Кадр

0
166
Фото: Џамија Sheikh-Zayed-Grand-Mosque-UAE-

Утревечер (31.5.2019) ќе се одбележи светата ноќ Лејлетул Кадр која според исламското верување е подобра од илјада месеци и се одбележува секоја 27 ноќ во месецот на постот Рамазан.

Лејлетул Кадр се прифаќа за света ноќ бидејќи оваа ноќ се отвораат вратите кон небото, се прифаќаат молитвите и покајувањата.

Генералната дирекција за верски работи при Управата за верски работи ќе одржи различни видови манифестации по повод светата ноќ Лејлетул Кадр.

Од друга страна пак, во знак на одбележување на оваа света ноќ, 38 609 џамии во Турција ќе бидат отворени до утринскиот намаз како и во повеќето џамии во Македонија и Балканот.

Ноќта Кадир има посебна вредност:

1. Таа е на висок степен кај Возвишениот Аллах.

2. Подобра е од илјада месеци во кои ја нема Ноќта Кадир. Тоа изнесува осумдесет и три години и четири месеци.

3. Во таа ноќ мелеците се спуштаат во голем број, така што нивниот број ја надминува бројката на каменчињата на Земјата.

4. Величенствениот Куран е објавен во оваа ноќ.

5. Постои голема можност луѓето да се спасат од казна поради добрите дела кои ги прават во оваа ноќ, но и поради милоста, простувањето и ослободувањето од Огнот со кои во неа Возвишениот Аллах ги опсипува Своите робови.

6. Тоа е благословена – мубарек ноќ бидејќи изобилува со многубројни добра, посебности и одлики.

7. Кој оваа ноќ ќе ја помине во намаз, верувајќи во нејзината вредност и во Аллаховото ветување во неа, и надевајќи се на наградата која во неа е ветена, ќе му бидат простени гревовите кои порано ги направил.

8. Во оваа ноќ се одредуваат и запишуваат судбините на созданијата за следната година.

9. Оној кој Лејлетул Кадир ќе ја помине во ибадет има големо место кај Возвишениот Аллах и достоен е за Аллаховата милост и Неговото простување.

10. Муслиманот треба да ја бара и исчекува Лејлетул Кадир, така што ќе се труди секоја од последните десет ноќи од рамазан да ги помине во ибадет: во намаз, дови и зикир, бидејќи кон ноќта која ги има спомнатите вредности, немарен е само оној на кого му е ускратено секое добро. Го молиме Возвишениот Аллах да не ни го ускрати Своето добро!

11. Вредноста на Лејлетул Кадир се однесува на вредноста на добрите дела во неа, бидејќи делото на оној кој ќе се потруди во ибадет во таа ноќ подобро е од истото дело направено во илјада месеци. Тоа е големо добро од Возвишениот Аллах!

12. Аллах на овој уммет му подарил големо добро бидејќи му ја дал оваа мубарек ноќ во секоја година. Затоа, неизмерна благодарност на Аллах!

13.Ноќта Кадир е апсолутно најдобра ноќ и не е точно дека ноќта наспроти петок е подобра од неа. Но,ако тие две ноќи се поклопат, вредноста е уште поголема.

14. За Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлем, ноќта во која се случиле Исра и Мираџ е подобра од Лејлетул Кадир, бидејќи во таа ноќ е издигнат на небо и неговиот Возвишен Господар разговарал со него, а тоа е најголема почест и највисок степен. Но, останатите муслимани имаат многу повеќе корист од Лејлетул Кадр отколку од Лејлетул Мираџ.[13]

15. Некои научници спомнуваат дека Лејлетул Кадир е дадена само на овој уммет, но, хадисите кои тоа го спомнуваат се слаби[14], како што се слаби и оние хадиси кои велат дека оваа ноќ е дадена и на народите пред нас и на нивните веровесници, алехимус-селам.[15]

16. Во преданието на Муслим се наведува: „Кој ќе ја погоди Лејлетул Кадир и ќе ја помине во намаз, верувајќи во нејзината вредност и надевајќи се на наградата кај Возвишениот Аллах, ќе му биде простено.“ На ова предание се потпираат оние кои велат дека вредноста на Лејлетул Кадир ја постигнал само оној кој сигурно знае дека е одредена Лејлетул Кадир. Но, хадисот не упатува на тоа, туку укажува дека ја достигнал оној кој ќе ја помине во намаз, со нијјет таа ноќ да ја помине во ибадет, па таа навистина ќе биде ноќ Лејлетул Кадир иако тој за тоа не е свесен.[16] Oва е една од причините што муслиманот треба во секоја од последните десет ноќи на рамазан што повеќе да се посвети на ибадет како секоја од нив да е Лејлетул Кадир, бидејќи тоа таа навистина може и да биде.

(islamski-centar.org)