Управата на компанијата „Груп Рено“ (Groupe Renault) соопшти дека од компанијата „Фијат Крајслер“ (Fiat Chrysler) добила понуда за обединување на двата познати актери на пазарот за автомобилска индустрија.
(Дубаи – Портал) – Управата на компанијата „Груп Рено“ (Groupe Renault) соопшти дека од компанијата „Фијат Крајслер“ (Fiat Chrysler) добила понуда за обединување на двата познати актери на пазарот за автомобилска индустрија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Раководството на „Рено“ доби понуда за обединување со „Фијат Крајслер“, обединети во сооднос од 50-50 проценти“, се вели во соопштението на компанијата со седиште во Франција.
Во соопштението се наведува дека Управниот одборо на „Рено“ денес ќе ја разгледа понудата на компанијата од Италија.
Од управата на „Фијат Крајслер“ е соопштено дека обединувањето би било корисно за двете страни кои во идниот субјект би имале еднаков удел.
Во соопштението се вели дека обединети Фијат Крајслер и Рено би биле трет по големина светски производител на автомобили и дека обединувањето нема да доведе до затворање на нивните фабрики.
Mahir Demisoski









