Хиројуки Мизуками, портпаролот на „SoftBank“, рече дека компанијата сака нејзините клиенти да се чувствуваат сигурни, користејќи ги нивните производи.

(Дубаи – Портал) – Два јапонски мобилни оператори во средата соопштија дека го одложуваат почетокот на продажбата на новите „хуавеј“ смарт-телефони, додека не ја потврдат безбедноста на кинеските производи, пренесува Anadolu Agency (AA).

Мобилниот операторот „SoftBank Corp.’s Y!“ го одложи почетокот на продажбата на моделот „Huawei P30 lite“, кој е планиран за 24 мај, а сите нарачки се откажани. И операторот KDDI објави дека продажбата е одложена на неопределен период.

Хиројуки Мизуками, портпаролот на „SoftBank“, рече дека компанијата сака нејзините клиенти да се чувствуваат сигурни, користејќи ги нивните производи.

Со административна регулатива на Доналд Трамп, од минатата недела е засилен притисокот врз компанијата „Хуавеј“ (Huawei), за која Вашингтон тврди дека претставува закана за националната безбедност, со што е можно да се наруши продажбата на мрежната опрема и другите производи. „Хуавеј“ се наоѓа на второто место на глобалниот пазар на смарт-телефони, се базира на оперативниот систем „Андроид“ („Android“) на „Гугл“ („Google“), а компонентите ги набавува од САД.

Владата на Јапонија не презеде мерки против „Хуавеј“, чии производи во таа земја се релативно популарни.

Mahir Demişoski