Volkswagen инвестира една милијарда евра во производство на батерии
(Дубаи – Портал) – Компанијата “Volkswagen” соопшти дека ќе инвестира една милијарда евра во изградба на фабрика за батерии во Германија.
Херберт Диес, извршен директор на VW, во вторникот рече дека фабриката е дел од напорите на компанијата за електрификација на своите возила.
Тој додаде дека фабриката ќе биде изградена во Salzgitter на север од Германија, бидејќи има лесен пристап до фарми со ветерници во регионот.
Mahir Demişoski









