Професионалците понекогаш потпирајќи се на искуството отколку на процедурите, прават аматерски грешки. Токму тоа се случи со рускиот бомбардер Ту-22М3, а самиот извештај за паѓањето брзо се појави во јавноста!
На 22.01.2015.дојде до паѓање на авионот Ту-22М3 при слетување на воениот аеродром во регионот на Мурманск.
Авионот има четири членови на екипажот, од кои двајца членови на екипажот настрадаа на самото место, додека третиот доби сериозни повреди и почина во болницата, а четвртиот е во тешка состојба!
Фаталната несреќа настана така што пилотот се обиде да слета во лоши временски услови на начин што претходно не се порамнил со пистата, туку се обидол да слета со страничниот премин на пистата. На снимката се слуша обидот на пилотот под “полна гас“ да го извлече авионот кој празен тежи околу 50 тони, што не му поаѓа по рака и во тој обид авионот удира директно на пистата при што доаѓа до кршење на структурата на авионот во коренот на крилата.
Авионот бил преполовен каде при што кабината продолжила да се тркала на пистата, додека трупот на авионот заради силата од ударот отскокнал и паднал на неколку стотина метра подалеку.
Tu22M3 е стратешки бомбардер со 4 членови на екипажот, максималната полетна тежина е 126.400 килограми, се напојува со 2 NK-25 турбо мотори, максималната брзина е 2 300 км / ч и опсегот од 7000 км.
Извор:logicno.com











