Охрид е меѓу градовите каде ЕВН Македонија постави станица за полнење на електрични и хибридни возила.
На почетокот на ноември минатата година, како дел од проектот „Електомобилност со ЕВН“, во строгиот центар на градот беа поставени два полначи „Волби“. Како што најавија од ЕВН, користењето на полначите во промотивен период од една година ќе биде бесплатно за сите корисници. Што значи дека за сопствениците на вакви возила во Охрид, кои можат на прсти да се избројат, гратис периодот ќе важи до наесен.
– Полначите кои се поставени се во функција, согласно долуката на ЕВН нивното користење во тек од една година ќе биде бесплатно. Во насока пак да се стимулираат охриѓани да купуваат електрични и хибридни возила, кои не ја загадуваат животната средина, со одлука на Совет е овозможено бесплатно да користат паркинг на територијата на градот, вели портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.
За да ја користат оваа услуга, сопствениците на електрични возила ќе мораат најпрво да се пријават за електронска картичка за користење на полначите на www.elektrodistribucija.mk, emobility@evn.mk или во Инфо центарот на ЕВН.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес











