Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, чија кариера беше обележана со правни проблеми, скандали, проблеми со срцето и политички порази, се кандидира за Европскиот парламент.
Берлускони, на кого му истече забраната да има јавна функција, денеска на Сардинија објави дека се кандидира во рамките на својата десничарска партија Forca Italia за мајските европски избори за Европскиот парламент, пренесе Асошиетед прес.
Поранешниот италијански премиер во три мандати рече дека сака “да му го даде својот глас на Европа која треба да се промени, Европа која загуби длабоко размислување за светот”.
На Берлускони му беше забрането да одржување на јавна функција речиси пет години под обвинение за даночна измама. Судот минатата година, повикувајќи се на неговото добро однесување, пресуди дека може повторно да се кандидира.









