Снегот предизвика хаос во Германија и Австрија, откажани 120 летови

0
257

Големиот снег предизвика хаос во сообраќајот во делови од Германија и Австрија, заради што властите затворилие одредени патишта заради опасност појава на лавина. Исто така, откажани се голем тргнувања на авиони и возови.

Аеродромот во Минхен, вториот по големина во Германија, соопшти дека откажани се 120 летови, а дека поголем број се померен , додека пак работниците непрекинато го чистат снегот од пистата и одстрануваат мразот кој се формирал на авионите.

Австриската железничка компанија OeBB објави дека сообраќајот бил суспендиран на неколку линии заради ризик од лавини.

Поради снег од 50 сантиметри, австриските власти ги затвориле патиштата околу Бишофшофен, каде што овој викенд се оддржува Новогодишната турнеја четири скокалници во скијачките скокови.

Властите во Салзбург ги предупредија скијачите да ги користат само официјални патеки и додале дека многу големи лавини вечерва би можеле да затрпаат одредени патишта.

Австриската јавна служба ОРФ објави дека малото село Сент Јохан е евакуирано, бидејќи властите се плашат дека силниот ветер може да предизвика голема лавина.
Снежната покривка, висока неколку сантиметри, била формирана рано изутрина на југот на Германија, Австрија и Швајцарија. Во овие земји се очекуваат значителни снежни врнежи во наредните денови.

Поради силниот снег, постојат сообраќајни нарушувања на север од Грција.

Извор:cdm