Тренерот на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, одлучи да го освежи тимот со неколку млади фудбалски надежи, меѓу првите кој пристигна на Алијанц Арената е 18-годишниот канадски играч Алфонсо Дејвис.
Баерн преговара со уште неколку други млади играчи кои би можеле да станат дел од клубот следната сезона
Овој канаѓанин оо Ванкувер пристигна за 10 милиони евра, според тврдењата на експертите, Дејвис може брзо да експлодира и да стане еден од главните играчи на Баерн.
Сепак, Баварците се претпазливи кога неговиот развој е во прашање, потврдил Салихамиџиќ.
“Треба да бидеме многу внимателни со него и не сакаме да извлечеме премногу галама. Важно е добро да се вклопи и да се навикнеме на Бундеслигата”. “Ако му ја дадеме вистинската шанса, тој има голем потенцијал да направи одлични работи”, истакнал Салихамиџиќ.
Претседателот на Баерн, Ули Хенес, дал многу интересна изјава за младиот играч.
“Никогаш не сум го видел на терен. Меѓутоа слушнав дека ќе биде вистинска бомба. Имам многу голема доверба во мојот спортски директор”, истакнал Хоенс.
Првите тренинзи на кои Дејвис работел покажале дека и веќе се станува добар фудбалер, но најдобрите години се пред него.











