Протестите се шират: Демонстрации и во Холандија

0
166

Француското движење “жолти елеци” ги преминува границите, бидејќи демонстрациите се оддржуваат во соседните држави Белгија и Холандија, објави АП.

Во Белгија, полицијата започна апсење на демонстрантите.

Во Брисел демонстрантите се собраа пред институциите на Европската унија, од кои некои биле приведени од страна на полицијата.

АП пренесува дека ниту една од двете земји не предложи зголемување на даноците за гориво, што беше катализатор за демонстрации за масовни и уривање во Франција минатата недела.

Стотици белгиски полицајци беа мобилизирани во Брисел, каде што “жолтите елеци” се судрија минатата недела со полицијата и запалија две полициски возила, а во таа прилика уапси 70 лица.

АП тврди дека Јан Деикграф, уредник на холандската “Листа на отпорот”, повика на мирни протести во Амстердам и во Ротердам.

Во Франција демонстрантите се собраа четврта сабота по ред, а 89.000 полицајци беа мобилизирани на овие протести.