БЕЛГИЈА: Започнаа протестите на “жолтите елеци“, приведени 50 лица

0
250

И во Белгија започнаа протестите на “жолтите елеци”, а полицијата уапси околу 50 лица во Брисел, објави агенцијата Анадолу (АА).

Демонстрантите го затвориле автопатот што водел кон Франција.

Собраните граѓани на протестите на “жолтите елеци” во Франција се одржуваат секој викенд од средината на ноември и ја принудија владата на Емануел Макрон да се откаже од плановите за зголемување на даноците за гориво.

Портпаролката на полицијата во Брисел, Илзе Ван де Кире, потврди дека пред почетокот на протестот во белгискиот главен град полицијата уапсила 50 лица кои биле стационирани на железничката станица и во областа на плоштадот Шуман каде што се лоцирани институциите на Европската унија (ЕУ).

Бриселската полиција презеде големи безбедносни мерки во овие области, а бодликавата жица е поставена во близина на тие институции.