Група нуркачи заронија во морските длабочини во близина на градот Хатај во Турција за да го насочат вниманието на загадувањето со пластика, кое сериозно се заканува на животната средина и на морските суштества во Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Камерманот на АА забележа многу интересни детали: во морската вода можат да се видат разни предмети од стаклени и пластични шишиња, пластични вреќи, виљушки, па сѐ до канистри.
Махмут Игде, експерт за околината од турскиот Универзитет „Искендерун“, истакна дека ја организирале оваа акција за да укажат на опасноста која ја претставува пластичниот отпад во морињата, со цел граѓаните да се однесуваат многу поодговорно и да ја чуваат животната средина.
Тој додаде дека тој околу 15 години редовно нурка во водите на Средозменото Море, напоменувајќи дека зачувувањето на морскиот живот е многу важно и за иднината на луѓето.
„Морињата се нешто кое ќе го оставиме и на нашите деца. Мораме веднаш да дејствуваме за да ги оставиме морињата во здрав облик на идните генерации. Затоа гласно порачуваме ’не!‘ за пластиката“, изјави Игде.
На крајот предупреди дека секоја година во морињата завршуваат тони пластика кои се кобни за животот на морските суштества, додавајќи дека пластичниот отпад негативно влијание и на животот на луѓето.









