Израелци срушија Палестинско училиште на Западниот брег

0
342

Израелските сили уништија палестинско училиште во долината на Јордан на западниот брег, со објаснување дека немала потребна дозвола.

Очевидци изјавија дека припадниците на израелската армија влегле во палестинско номадско село во близина на Тубас и го урнале училиштето што го отвори палестинското Министерство за образование.

Областа околу училиштето беше осигурана, а израелските сили не дозволија пристап до објектот, објави Анадолија.

Опасност од уривање на уште други 45 училишта

Канцеларијата на Обединетите Нации за координација на хуманитарните активности – ОСНА на 4 февруари, објави извештај во кој се наведува дека 45 училишта во Источен Ерусалим и зоната C на Западниот брег се соочуваат со ризик од уривање.

Врз основа на Договорот од Осло, постигнат во 1995 година, Западниот брег е поделен на три главни зони: А, Б и В.

Израелската страна на Палестинците не дозволува изградба во зоната Ц