Топењето на Антарктикот алармантно се забрзува, при што околу три билиони тони мраз исчезнаа од 1992 година, предупредува меѓународен тим на експерти за мраз во најновата студија.
Најјужниот леден дел на овој континент се распадна толку многу во последната четвртина од векот така да од добиената вода што може да се покрие цел Тексас со ниво до четири метри вода.
Поради сета оваа вода, светските океани пораснаа за околу 7,6 милиметри.
Според објавените резултати од студијата во списанието Nature, од 1992 до 2011 година, Антарктикот изгуби околу 84 милијарди тони мраз годишно, додека од 2012 до 2017 година стапката на топење се зголеми на повеќе од 241 милијарди тони годишно.
Оваа студија е втората најдобра проценка, а тим на научници кои работат во НАСА и Европската вселенска агенција за истражување спроведуваат ваква студија на секои неколку години.
Нивната мисија е да обезбеди најсеопфатна слика за тоа што се случува со чувствителни глобални области на ледениот брег на Антарктикот и Гренланд.
Водечкиот автор на новата студија, Ендру Шепард од Универзитетот во Лидс во Англија, вели дека, за разлика од студиите каде што се користи само еден метод, овој тим го истражува исчезнувањето на мразот на 24 различни начини.
“Ние користевме 10 до 15 сателити, методи за мерење на земјата и воздухот и компјутерски симулации”, објасни тој.
Според него, постои можност Антарктикот да го подигне нивото на морето за 16 сантиметри до крајот на векот.
“За оваа состојба, на работите се обвинуваат климатските промени”, рече тој.
Покрај тоа, нивото на морето се зголемува поради топењето на глечерите насекаде, мразот во Гренланд и фактот дека потоплата вода се шири.
На Антарктикот, топењето на мразот главно е предизвикано од потопла вода, а топењето на јужниот океан е поврзано со промените на ветрот, што, во врска со глобалното топење, резултирало од палење на јаглен, нафта и природен гас.
Најновите бројки покажуваат дека источниот Антарктик годишно губи релативно мал мраз – околу 31 тон – од 2012 година.











