Израел ја отфрли резолуцијата на Обединетите нации (ОН) во која се осудува палестинското насилство во Газа, обвинувајќи го палестинскиот претседател за кризата и движењето Хамас. Во средата, Генералното собрание на ОН ја прифати резолуцијата која го осудува Израел поради прекумерна, непропорционална и неселективна употреба на сила против демонстранти во Газа.
Резолуцијата беше усвоена од 120 од вкупно 193 членови, додека осум гласа беа против, пишува Ксинхуа.
Гласањето следеше откако израелските безбедносни сили убија 122 Палестинци и беа повредени неколку илјади во протестите што започнаа на крајот од март.
Во резолуцијата, исто така, се повикува Израел да ги укине тешките економски санкции и да стави крај на 12-годишната блокада.
Американскиот амбасадор во ОН Никки Хејли гласаше против резолуцијата. Канцеларијата на израелскиот премиер за насилство го обвини Хамас, кој го контролира појасот Газа.
Извор:(Vijesti/ ФЕНА)










