Властите на Саудиска Арабија им дозволиле на верници од Катар во последните десет дена од месец Рамазан да ги посетат светите места и извршат умра.

Саудиското министерство за хаџ и умра соопшти дека државјаните на Катар можат да поднесат барање за посета на светите места исклучиво кај овластените компании од Саудиска Арабија.

Верниците од Катар во Саудиска Арабија ќе патуваат со индиректни авиолинии со оглед на тоа што директните линии се укинати минатата година.

Барање за умра, Катарчаните можат да поднесат исклучиво на интернет, бидејќи во Доха нема саудиска дипломатска канцеларија.

Ова е прв пат Саудиска Арабија да им дозволува на Катарчани да пристигнат на тлото на Кралството од прекинувањето на дипломатските односи и блокадите кои на Катар им ги воведе минатата година.

Саудиска Арабија, Египет, Обвединетите Арапски Емирати и Бахреин пред точно една година ги прекинаа доносите и блокираа взодушниот простор и копнената граница со Катар кого го обвинуваат за подржување на тероризам.

Катар ги негира обвинувањата и барањата на другата страна го нарекува како удар на нејзиниот суверенитет.

Извор: Anadolija

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here