Израелските поморски сили ги ослободиле повеќето патници од бродот кој го пресретнале откако го напуштил појасот Газа во вторникот. Бродот отпловил со цел да се стави крај на долготрајната блокада на Израел во Газа. Во својата изјава Адам Абу Силмија, портпарол на Националниот комитет за ситуацијата во појасот Газа, потврди дека сите патници во бродот биле ослободени, освен капетанот.

Патниците се вратија во Газа преку израелскиот граничен премин Ерез.

Силмија претходно изјави дека четири израелски бродови го опколиле бродчето од Газа на околу осум наутички милји од нејзините брегови. Тој смета дека Израел е целосно одговорен за безбедноста на сите во бродот. Силмија ја повика меѓународната заедница да обезбеди заштита за Палестинците кои се опкружени.

Израелската армија потврди дека еден брод бил пресретнат, кој сега е наводно закотвен во пристаништето Ахсдод. Тие додадоа дека не биле повредени кога бродот бил пресретнат.

Брод со 20 Палестинци отплови во вторникот од Газа, во обид да ја пробие десеталната израелска блокада на палестинскиот регион. На бродот се наоѓале палестински активисти, болни лица и ранети лица кои сакаат да бидат лекувани во странство, објави ТРТ.

Во придружба на бродот отпловија и неколку помали пловила кои и пркоселе на  израелската копнена и поморска блокада која во Газа во 2007 година доведе до хуманитарна катастрофа.

Обидот за мирно пробивање на израелската блокада беше организиран на осумгодишнината од инцидентот во Мави Мармара, во текот на кој израелските сили убија девет турски активисти, а уште еден ранет активист од Турција почина четири години подоцна.

Извор:( ФЕНА)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here