Јапан е носителот на најсилниот пасош на светот, судејќи според индексот на Henley Passport. Индексот на најсилен пасош се одредува спрема тоа во колку земји граѓани на една земја можат слободно да патуваат, односно без виза.
Судејќи според Henley Passport , во 2018 година, титулата на земја со најсилен пасош ја однесе Јапонија, чии граѓани можат да патуваат без виза во 189 земји.
Германија, која имаше најсилен пасош пет години по ред, падна на второ место, и сега го дели со Сингапур. Граѓаните на овие две земји можат да патуваат без виза во 188 земји.
На третото место се Јужна Кореја, Финска, Франција, Италија, Шпанија и Шведска.
Во однос на земјите од регионот, Словенија е деветта земја на листата од најсилните пасоши чии граѓани можат да патуваат без виза во 180 земји.
На 16-то место Хрватска (169 земји), 36-то место му припаѓа на Србија (130 земји), 41. Македонија (125 земји), 43 Црна Гора (123 земји), 47. Босна и Херцеговина (118 земји), на 48. место место е Албанија (114 земји).
Индексот покрива 199 пасоши и 227 туристички дестинации.
Извор:(Vijesti / AA)









