Израелци се подготвуваат за марш во Ерусалим, каде што се очекуваат десетици илјади луѓе, во пресрет на контроверзното отворање на американската амбасада во градот на кој што Палестинците полагаат право како на главен град, пишува АФП. Истовремено, Палестинците се подготвуваат за протести поради истата одлука од страна на американските власти, во склоп на тоа се и постојат масовни кои се случуваат во Појасот Газа. Тензиите се зголемени во пресрет на церемонијата, на која ќе присуствува ќерката на Трамп Иванка и нејзиниот сопруг Џаред, советник во Белата куќа. И двајцата денес пристигнале во Израел.

Преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим се одржува на 70-годишнината од формирањето на Израел, а истиот ден Палестинците го обележуваат како Накба, потсетувајќи се на 700.000 Палестинци протерани во 1948 година, кога Израел бил основан.

Израелците денес го слават т.н. Ден на Ерусалим, кога во шестдневната војна во 1967 година го окупираше и источниот дел на градот, а потоа дополнително го анектира, нешто што меѓународната заедница никогаш не го признала.

Палестинците Источен Ерусалим го сметаат за свој главен град заради што и силно протестираат  против одлуката на Трамп да ја премести амбасадата. Во текот на протестите заради одлуката на САД беа убиени 44.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here