Новиот унгарски парламент денеска за премиер го избра Виктор Орбан, лидер на партијата Фидес, која победи на неодамнешните избори.

Унгарскиот претседател Јанош Адер во вторникот им препорача на пратениците на конститутивната седница на парламентот повторно да го изберат Орбан за премиер, кој во третиот последователен мандат, како што беше најавено, ќе се обиде да ги спроведе уставните измени.

“Го замолив премиерот Орбан да формира нова влада, и тој прифати”, рекол Адер.

Унгарскиот парламент одржа конститутивна седница во вторникот, по убедливата изборна победа во април на партијата Фидес на Орбан, која го освои третиот последователен мандат, а пред парламентот се собрале околу 1.000  во знак на протест против властите на Орбан која тие ја нарекуваат авторитарна.

Ројтерс тврди дека Орбан, кого агенцијата го опиша како десничарски националист, ја зголемил контролата над медиумите и ги ставил своите сојузници на чело на поранешните независни институции, истовремено одбивајќи да добие поголем број мигранти во Унгарија, заради што дојде во конфликт со Европската комисија.

Демонстрантите во Будимпешта замавнувале со знамињата на Унгарија и Европската унија и тврделе дека Орбан ги угуши медиумите и на неправеден начи изманипулирал со изборните правила.

Се пренесува дека демонстрантите извикувале “Демократија, демократија!” И пред парламентот истакнале транспарен со натпис “Уставот е нелегален”.

Фридес партија на Орбан има 133 од 199 места и тој е премиер со најдолг стаж во Унгарија по падот на комунизмот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here