Најмалку 38 лица загинаа, а стотици ги напуштија своите домови кога пукнала брана во долината на Кенија Рифт, соопштијад денес фицијални лица.

Во средата вечерта вода го пробила насипот на браната Пател во Солаја, област Накуру, и потопила  стотици куќи и фарми во Нјакинуа, која се граничи со браната.

– Пронајдовме 38 тела, а многу луѓе исчезнаа. Ова е катастрофа – изјавил  полициски командант во блискиот град Ронгаи.

Гидеон Кибуња, шеф на полициската полиција за кривични истраги, изјавил дека “скоро целото село е поплавено со кал и вода”.

Тој додаде дека во операцијата за спасување на Црвениот крст на Кенија и тимот за управување со несреќи на Накуру, денес утрината околу 40 лица биле спасени и однесени во болница.

Официјалните лица изјавија дека водата и калта од акумулацијата ги преплавија домовите скоро два километри во дијаметар.

Од март оваа година, најмалку 132 лица настрадале од поплави предизвикани од сезонски дождови, соопшти владата на Кенија во средата.

По трагедијата предизвикана од пукањето на браната, бројот на мртви се зголеми на 170 луѓе и се стравува дека ќе продолжи да расте, бидејќи многумина се водат за исчезнати. Според податоците на владата, најмалку 225.436 лица се раселени.

Извор:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here