Градски автобус денес експлодира во центарот на Рим, најверојатно како резултат на краток елоектричен спој, објави Агенцијата Анадолу (АА).

Експлозијата се случила во 10 часот по локално време во улицата Вила дел Тритоне, во близина на канцеларијата на италијанскиот премиер и познатата Фонтане ди Треви.

Автобусот бил зафатен од пожар, кој потоа се проширил на неколку спрата на зградата во близина на возилото. Засега нема информации за повредените.

По експлозијата, на возила кои биле во близината се активирале аларми, а глетката ја следеа десетина туристи и жители на Рим.

Обвинителите и јавната превозна компанија ATAC ја започнаа истрага.

Извор:faktor/Фото:АА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here