Лидерите на Турција,Русија и Иран на 4 април годинава во Анкара ќе дискутираат за воената криза во Сирија.

Домаќин на тројниот самит ќе биде претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Инаку самитот ќе претставува вид продолжение на тројниот самит што се одржа во Сочи,Русија на 2 ноември минатата година.

Лидерите на Турција,Русија и на Иран, Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани ќе ја разгледаат декларацијата за Сирија усвоена на самитот во Сочи, воедно ќе дискутираат за последниот момент во развојот на настаните во Сирија, со посебен акцент на бесконфликтните зони.

Пред тројниот самит, во Истанбул ќе се состанат претседателите Ердоган и Путин.

Тие на овој состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу двете земји ќе ги разгледат билатералните односи.

 TRT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here