Рускиот државен автоматизиран изборен систем (ГАС Вибори-GAS Vibori) нападнат бил од страна на  хакери, изјави за ТАСС денеска првиот заменик-министер за внатрешни работи, Александар Горовој.

“Можам само да потврдам дека се случи сајбер напад. Меѓутоа имајќи ја во предвид, прелиминарната работа на властите, Сојузната служба за следење на телекомуникациите и информатичките технологии и Централната изборна комисија на Русија (ЦИК), спречено е паѓање системот на ГАС Вибори беше “, изјавил Горовој.

Нешто порано денеска, хакирана била и веб-страницата на ЦИК, а напади биле забележани од 15 различни држави, објави секретарот на ЦИК, Маја Гришина, додавајќи дека на мета се нашол информативниот центар на ЦИК.

Претседателот на “Ростелеком” Михаил Осеевски денеска објави дека во последните неколку дена забележани биле повеќе сајбер-напади врз руски веб-сајтови.

Извор:cdm

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here