Најмалку 30 лица загинале во западниот дел на Индија, кога камион полн со сватови слетал од мостот и паднал на височина од девет метри во длабок ров.
Фотографиите снимени на местото на несреќата ги покажуваат телата околу превртениот камион, објави АП.
Официјалниот претставник на полицијата П. Л. Мал во државата Гуџарат, каде што се случила несреќата, за весникот “Индиски експрес” изјавил дека возачот заради замор ја изгубил контролата над камионот.
Во Индија, посиромашните луѓе често изнајмуваат камиони за превоз на сватови.
Извор:RSA









